Политика за приватност

Заштитата и сигурноста на податоците на нашите корисниците се една од приоритетните задачи на нашата компанија. MAX HOSTING посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси.

Оваа политика за приватност објаснува кои податоци се собираат од страна на MAX HOSTING за време на вашата посета на нашите web страници и како тие се користат. Ова не се однесува на вашата посета на други web страници, на кои ќе пристапите преку нашата страница

Собирање и обработка на лични податоци 
Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите web страници, нашиот web сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на web страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на web страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на web услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. При вашата посета на web страниците на MAX HOSTING нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, наградни игри или барања за информации. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на web страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. MAX HOSTING ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка.

Користење и пренос на лични податоци 
Вашите лични податоци ќе ги користиме само заради техничко администрирање на web страниците и заради задоволување на вашите потреби и желби. Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на ваша претходнo изречeна согласнот и само во обем неопходен за секој поединечен случај. Податоците нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа.

Одлука на корисниците
Нашата компанија сака да ги контактира своите корисници за да бидат навремено информирани за сите понуди и новости во однос на нашите продукти и услуги. Доколку се регистрирате на нашата web страница или нарачате некои од нашите продукти и услуги, ќе ви побараме согласност за обраќање во иднина. Независно од тоа, ќе продолжиме да Ве информираме, како корицници на MAX HOSTING, за сите битни промени поврзани со вашиот постоен договор (како на пример, промена на цените).

Слобода на информирање 
MAX HOSTING на ваше писмено барање ќе ви овозможи увид во сите ваши лични податоци со кои располага (име, адреса и сл.).

Сигурност
Ги презедовме сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располагаме, заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

Контакт
Доколку сакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да нè контактирате на е-адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Притоа, вашата е-адреса нема да биде искористена за друга намена.