Правила и услови

MAX HOSTING своите услуги за хостирање ги обезбедува за компании регистрирани во Малкедонија, како и за државјани на Р. Македонија. Наплатата за услугите се врши однапред за секоја година и износот платен е неповратлив.

Содржини дозволени за хостирање

MAX Hosting на своите сервери не дозволува хостирање на сајтови забранети со закон во Р. Македонија. Имено, на нашите клиенти им е забрането да хостираат сајтово со порногравска содржина, сајтови кои шират расна, верска и друга меѓучовечка нетрпеливост, како и други содржини забранети со закон. Во таа смисла MAX Hosting веднаш ќе го стопира прикажувањето на таквата содржина, а последниците ќе ги сноси договорната страна која ги користи нашите услуги.

 

Потребни предуслови за користерње на нашите услуги

За да го хостираме вашиот вебсајт, потребно е да ги прикачите содржините на нашите сервери. Кога го правите ова прикачување, вие креирате една или повеќе копии на вашите содржини на нашиот систем. Со купување на хостинг сервисот од нас, ви се согласувате со правењето на овие копии и ни давате дозвола (лиценца) да ги одржуваме овие копии и да ги направиме достапни за корисниците на интернет. Вие сте единствено одговорни за обезбедувањето на сите содржини и други податоци кои го сочинуваат вашиот вебсајт. Ве молиме имајте во предвид дека иако прикачувате копија од вашите содржини на нашите сервери, морате секогаш да правите бекап копија на вашите содржини и други датотеки од сајтот, барем од време на време, како би можеле да ги повратите во случај на технички проблеми, како на пример проблеми со серверот, технички и системски поврзани проблеми, губење на содржините од нашите сервери, итн.

Резервни копии од Вашите податоци

Резервните копии спаѓаат секогаш во одговорност на клиентот. Клиентите мораат самите да си направат резервна копија со помош на алатките за хостирање во нивниот cPanel (контролен панел). Во таа смисла треба да имате во предвид дека секоја резервна копија зазвема простор од вкупниот закупен простор.

MAX Hosting нема да биде одговорен за било какви оштетувања на содржините на корисникот, вебсајтот на корисникот или други штети и дисфункционалности или прекини во испорачувањето на услугите предизвикани од неправилноста на содржините на корисникот или било кој аспект на вебсајтот на корисникот.

Корисникот е единствено одговорен за правењето на бекап копиите од неговиот вебсајт и содржините.

MAX Hosting одржува бекап копии од содржините на сајтовите едниствено за следните пакети :

LINUX хостинг пакети : XL и XXL. За нив имаме обезбедено системски бекап достапен 7 дена наназад. Покрај  овој бекап системот дозволува и кориснички бекап. За другите пакети MAX Hosting не обезбедува системски бекап и поради тоа Корисникот е должен да прави резервна копија по потреба

Содржини

Сите продукти и услуги на овој вебсајт се во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

Корисникот се сложува да не покренува никакви спорови и тужби поврзани со користењето на нашите продукти и услуги.

Полиса за нула-толеранција на СПАМ

MAX Hosting има нула-толеранција, анти-спам полиса, според која праќање на спам или друга несакана комерцијална е-пошта од нашите сервери строго е забранета. Ова вклучува, но не е ограничено само на: масовно испраќање на промотивни пораки, пропагандни материјали или непожелна комерцијална пошта на било кои групи на општествената заедница. Доколку праќате масовна пошта, имате обврска на примателите на таа пошта да им овозможите да се избришат себеси од вашата листа за масовна електронска пошта. Го задржуваме правото веднаш да ја деактивираме вашата сметка и да го спречиме понатамошното користење на нашите услуги доколку откриеме вакви активности. Било која организација или ентитет кои се на листата на ROKSO не можат да бидат хостирани на нашите сервери. Било кој акаунт кој ќе предизвика ставање на нашите IP адреси на црна листа ќе биде инстантно суспендиран и/или избришан. Покрај ова нашите сервери се опремени со висока технологија за заштита од спам пораки.

Обновување на договорот

Клиентот е должен да го откаже договорот најмногу 15 дена пред истекувањето на договорот за хостинг услуги. Во спротивно ќе се смета дека клиентот сака да го обнови договорот и затоа ќе му биде испратена фактура која треба да ја плати во рок не подолг од 30 дена.

Откажување

Доколку клиентот сака да ги откажи услугите во предвидениот рок, има можност да побара снимање на податоците од неговиот простор на оптички медиум кој ќе му биде испратен по пошта. Нашата услуга за снимање и праќање на податоци по пошта чини 1180 денари (со вклучен ддв 18%)

Гаранција

MAX Hosting дава гаранција за активност на серверите од 99%.

Сепак во никој случај MAX Hosting не може да биде држен одговорен за било која директна, индиректна, посебна, казнена или консеквентна штета која резултира на било кој начин од употребата или неможноста за употреба на услугите кои ги нудиме, или пак од користењето на веб просторот кој го закупува некој наш клиент.

Овие правила и услови може да бидат променети

Поради развојот на нашиот бизнис и променливата природа на веб хостинг индустријата, овие правила на користење на услугите може да бидат променети. Промените ќе бидат објавени тука и продолжувањето со користењето на продуктите и услугите значи дека ги прифаќате промените кои сме ги направиле.

Надомест на штета

Доколку тимот на MAX Hosting биде тужен и му се заканува тужба од трети лица поради нешто кое вие сте го направиле со користењето на услугите или како наш соработник, вие се согласувате да ги сносите последиците доколку се констатира дека MAX Hosting е виновен или треба да плати паричен надомест за помирување. Во правна смисла, ова се нарекува надомест на штета. Не само што се сложувате да ги рефундирате средствата кои сме ги дале за да ја задоволиме пресудата или да го решиме сето тоа спогодбено, туку исто така се сложувате да ги платите и адвокатските хонорари на оние кои ќе не застапуваат и сите други трошоци со кои MAX Hosting може да се здобие бранејќи се себе си.