fbpx

За Мax Hosting

MAX Хостинг е приватна компанија која започна да работи во 2010 под името на ГЛОБАЛ НЕТ. Заради зголемување на можностите и подобрување на квалитетот на услугите во 2011 одлучивме да ја основаме компанијата MAX Хостинг.

Денес MAX Хостинг заедно со ГЛОБАЛ НЕТ опслужуваат голем број задоволни клиенти.

Нашите сервери се едни од најквалитетните во светот, со достапност од 99.99% во текот на годината. Големо внимание посветуваме на нашите клиенти, како во делот на услугите така и во поддршката за разни проблеми со нивните веб сајтови.

Со големо задоволство можеме да кажеме дека наши клиенти се едни од познатите брендови како на пример :

САНДА, АЛПИНА МАК, РЕПТИЛ МАРКЕТИ, ТА Аурора, ТА Фалкон травел, ЗИП ТРАВЕЛ, …

MAX хостинг со својот тим ќе се погрижи и вие да бидете дел од задоволните клиенти.

Целосни податоци за компанијата :

Друштво за консалтинг и интернет услуги МАКС ХОСТИНГ ДООЕЛ Скопје

ул. Пандил Шишков бр. 3

Скопје

Имате прашање ?

Што e веб хостинг?

Веб хостинг (English: Web Hosting) претствува простор каде што вашата веб страна функционира. Покрај ова хостингот се користи и како простор каде што доаѓа вашата електронска пошта. Практично хостингот е во реалноста е канцеларија на вашата компанија за која плаќате кирија. Просторот слично како канцеларијата има своја големина и според тоа најчесто се одредува и цената.

Што е домен ?

Домен претставува името кое е карактеристично за секој веб сајт, практично како и името на една компанија. Со оглед на фактот дека купувањето на домените е релативно ефтино и лесно, многу од домените се зафатени особено некои со атрактивни имиња како:
bitcoin.mk, domino.mk, stb.mk, stomatolog.mk,…

Доколку Вие сакате да регистрирате домен, тоа можете да го направите преку нас.

Дали имате поддршка по телефон ?

Нашата компанија има поддршка преку телефон во работното време од 8-20h, но секако доколку имате прашања кои не се толку итни, може да се обратите на нашата email aдреса : support@maxhosting.mk

Дали користите cPANEL ?

Сите наши сервери користат cPANEL како еден од најдобрите и најлесните контролни панели за хостинг услуги. Преку оваа алатка вие имате пристап до сите услуги кои ги нуди овој контролен панел без ограничувања.